Македонско семејство деновиве празнува.
Синот го фатил крстот за Водици, а таткото освоил милионер-џекпот, вреден 1.433.724 денари следниот ден, информира Државната лотарија.
Oд Лотарија велат дека се работи за луѓе што силно веруваат во традицијата, а таткото е човек со големи соништа и верба дека на добрите луѓе им се случуваат убави работи.
Се додава дека на добивката се радува целото семејство, а ќе ја потрошат за убави работи во домот.
„Милионер џекпот-добивката вредна 1.433.724 денари е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник ‘Евротип’“, додаваат од Државната лотарија, а на семејството му честитаат за освоената добивка.