Скопјани му се израдуваа на снегот. Забава, правење снешковци ваква беше вчера сликата во Градскиот парк.

Метеролозите најавуваат дека времето денеска ќе биде облачно, со слаб до умерен ветер. Перетпладне ќе има зголемена облачност во поголемиот дел од земјата и во западните делови можна е појава на слаб снег. 

Од пладневните часови облачноста ќе се намалува и особено на исток и североисток ќе има повеќе сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне од минус 4 до 4 степени, информираат синоптичарите.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а од средината на денот ќе има се повеќе сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од минус 5 до минус 15 степени.

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, велат од УХМР и додаваат дека во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.