Радишани и Бутел денеска без водоснабдување

Улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во Радишани денеска ќе биде без вода, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводната цевка на улица „Ѓоре Ѓоревски“, бб и ќе трае до завршување на дефектот.

Поради дефект на водоводен затварач, без вода денеска ќе бидат и корисниците на улиците: „Кленоец“, „Пресека“, „Владимир Каваев“ и „Сливовска“.

Водоснабдувањето е прекинато од 10:00 часот до завршување на дефектот.

Без вода денеска ќе биде и улицата „Ферид Бајрам“ кај маркетот „Дија“, во Бутел. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на водоводен затварач во шахта на улица „Ферид Бајрам“ кај маркет „Дија“ и ќе трае до завршување на дефектот.