Рачна бомба пронајдена во кругот на пазарот во Тафталиџе

Рачна бомба била пронајдена во кругот на пазарот Тафталиџе, информираше министерството за внатрешни работи.

Според информацијата вчера во 19.27 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување на Зелен пазар - Тафталиџе пријавил дека околу 19.20 часот во кругот на пазарот пронашол една рачна бомба.

Увид бил извршен, а екипа од антитероризам безбедно ја подигнале бомбата за понатамошна постапка.