Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

65-годишен работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи.

Според информациите од МВР, вчера  околу 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово.

Според пријавеното, повредите ги здобил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“, додека извршувал работни задачи.

Поради сериозноста на повредите, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.