Работник се бори за живот по пад од зграда во градилиштето „Треска“

Трагичен настан го потресе Скопје вчера попладне, кога работник тешко се повредил откако паднал од зграда во изградба на просторот на поранешната фабрика „Треска“. Работникот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Министерството за внатрешни работи за СДК го потврди настанот и објасни дека нивни екипи веднаш извршиле увид на местото. Според информациите добиени од МВР, повредениот работник е во критична состојба и добива интензивна медицинска нега.

Инцидентот беше пријавен околу 16:30 часот, кога работник паднал од градилиште во кругот на фабриката ‘Треска‘. Екипи на СВР Скопје веднаш реагираа и извршија увид, а лицето беше транспортирано во Ургентниот центар со екипа на Брза помош. Состојбата на работникот е животозагрозувачка“, изјавија од МВР за медиумите.