
Вчера во 10:30 часотво СВР Тетово, од Итна медицинска помош Тетово било пријавено дека во тетовското село.Боговиње, има повредено лице кое паднало од покрив.
-Извршен бил увид на местото, при што е утврдено дека П.Б.(61) од село Брвеница, додека извршувал градежни работи на куќа сопственост на Н.А. (60) во село Боговиње, паднал од кровната конструкција, информираат од СВР Тетово.
Притоа, П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.