Работник од Скопје се бори за живот по пад од висина

Триесет и четири годишниот Б.И. од скопско Глумово вчера бил пренесен во Ургентниот центар поради тешки повреди.

-Б.И. извршувал градежни работи на ул. „Иван Хаџиниколов“ во нас.Драчево-Скопје, кој паднал од висина. На истиот му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.