
55-годишен работник на јавното комунално претрпијатие „Водовод“-Кочани се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од височина додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска Река.
Според информациите од МВР, настанот се случил вчера околу 08:00 часот на улицата „Лазар Андонов“ во Кочани. Повредениот Т.Ј. (55) бил пренесен во Итната медицинска помош во Кочани, од каде во 09:04 часот случајот бил пријавен во ОВР Кочани.
За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.