Работник е тешко повреден при поправка на лифт во Скопје

Работник е тешко повреден при поправка на лифт во Скопје.

Според полицијата, вчера во 14.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен Г.П. (28) од кумановско Агино Село,вработен во приватна фирма.

Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот „Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот. Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.