Работници од Ресен и Гостивар фатени во кражба во Охрид: Украле градежен материјал од објектот каде работеле

Синоќа во 23:40 часот на паркинг простор позади Спортско рекреативен центар „Биљанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Ф.Ф.(40) од Ресен и М.Б.(30) од Гостивар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден бил пластичен котур за хидроизолација за кој изјавиле дека го одзеле од објектот каде работеле на изградба на нова трибина на спортскиот центар.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.