Работничките права на удар на корона- кризата

Пандемијата ги продлабочи социјалните нееднаквости, посебно во трудоинтензивните дејности, каде се бележи најголемиот број на отпуштени работници и се регистрирани најмногу прекршувања на работничките права. Вработениоте во текстилниот сектор се со помали приходи и имаат потешки услови за работа, смета претседателот Стево Пендаровски.

Непочитување на правата од работен однос има во сите сектори. Од почетокот на кризата инспекторите постапиле по 6.000 претставки од работниците за кршење на правата од работен однос

Од Министерството за труд и социјална политика апелираат синдикатот и работниците да ги пријавуваат непочитувањата на работничките права и секое загрозување на здравјето на работното место.

Откази од работа, закани со отказ и неплатени денови, работа во време на карантин, потпишување на спогодбени откази под присила и непочитување на отказниот рок – ова се ефектите од корона- кризата врз работниците во текстилната и кожарската индустрија, покажува анализата на „Гласен текстилец“ и Фондацијата „Фридрих Еберт“.