Работите секогаш си доаѓаат на свое место...

Кога сѐ ќе заврши, чувствувате некаков мир. 

Кога ќе излезете од маѓепсаниот круг во кој сте се вртеле, од кој сте се обидувале да излезете и постојано сте се враќале во него. Одново и одново. 

Работите секогаш си доаѓаат на свое место. Коцките си се поклопуваат. Сѐ се решава. 

Вака или онака. Но, сѐ решава. 

Остри резови, новогодишни одлуки, големи ветувања... не вреди...

Тоа доаѓа спонтано, тогаш кога треба. 

Ваше е да бидете трпеливи и да верувате.

А на крај ќе почувствувате неверојатно олеснување.

Исто како кога после долг ден на штикли, ќе ги соблечете и ќе облечете влечки. 

Исто како кога после долг и напорен пат ќе дојдете дома и ќе си легнете во својот кревет.

И знаете дека е добро. 

Завршило онака како што требало да заврши. 

Вие сте таму каде што треба да бидете.