Работи кои треба да престанете да ги правите на Фејсбук!

Факт е дека Фејсбук е дел од нашето секојдневие. Не можеме да избегаме од него. Речиси целата комуникација веќе оди преку Фејсбук. Преку него се информираме и за тоа што прават и каде се нашите пријатели. Преку него и се запознаваме и стапуваме во контакт со нови луѓе. Можеби некому не му се допаѓа ова, но тоа е вистината.

И често луѓето ве судат според тоа што го постирате. Ова се работите кои можеби е време да престанете да ги правите на Фејсбук.

1. Премногу статуси за љубовта

Статусите за љубовта и поранешните љубови може изгледаат како добра идеја за привлекување сочувство и симпатии, но не се. Воопшто. Само ќе ги натераат другите да превтуваат со очи додека скролаат надолу.

2. Лошо чувство за приватност

Ако постојано објавувате каде се наоѓате во секој момент, а тоа го поткрепувате и со милион слики, нема да делувате кул и популарно, туку другите ќе добијат впечаток дека сте личност која не знае да задржи ништо за себе.

3. Секси фотографии

Сексапил е едно, а вулгарни фотографии нешто сосема друго. Никој нема да биде импресиониран од вашите секси пози, а лајковите не значат и поголема почит.

4. Премногу чувства

Статусите во кои пишувате за светот, љубовта, тагата и меланхолијата се супер и одвреме-навреме тоа е многу симпатично, ама ако на секои 2 часа постирате нешто ново во врска со тоа, ќе станете иритантни и ќе ве стават луѓето на hide.