Работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на самохрана мајка

Навистина не е лесно да се биде мајка. А уште потешко е да се биде самохрана мајка. Обврските се поголеми, стресот е поголем, финансиите секогаш се проблем, а назгора го имате и општеството коешто секогаш осудува и си дава да право да коментира нешто што не е за коментирање.

Доколку не се наоѓате во таква ситуација, не знаете колку е тешко. Затоа избегнувајте да ги кажувате овие работи на самохрани мајки.

Тешко ли е да се биде самохрана мајка?

Тешко е да се биде мајка. Точка. А не па самохрана мајка. Мислам сериозно не смеете да го поставувате ова прашње на жена која без ничија помош одгледува дете. Невкусно е, нечувствително и нема никаква логика.

Кај ти е детето/Кој ти го чува детето?

И самохраните мајки понекогаш сакаат да излезат и да се релаксираат. И во целиот тој збиен распоред, успеале да се снајдат и да најдат некој (баба, пријатели, роднини) да им го почува детето за некој час. И кога ќе им поставите вакво прашање, правите да се чувствуваат виновни, а тоа не е ваша работа.

Маж ми е на службен пат неделава, навистина е напорно

Е па пред да го кажете ова, размислете дека вам ви е напорно една недела, нив им е напорно цело време, бидејќи цело време се сами. Нема потреба да се жалите пред неа.

Каде е татко му?

Сериозно? Зошто луѓето мислат дека имаат право да го поставуваат ова прашање? Ова прашање не смеете да го поставите ниту на мажена жена со среќен брак, затоа што кај е нејзиниот сопруг е нејзина работа, а не па да го поставите ова на самохрана мајка.

Зарем немаш грижа на совест кога го оставаш со дадилка/мајка ти?

Ама сериозно, зошто, ама зошто би го поставиле ова прашање на самохрана мајка? Секако дека имаат грижа на совест и постојано мислат на детето, но понекогаш едноставно ќе заглават на работа или ќе излезат да направат нешто. Вие немате право да судите кој како си го воспитува детето.