Работи кои не се препорачуваат да ги правите во сезона на алергии

Ви се чини ли дека ги имате симптомите на сезонска алергија од кои патите секоја пролет? Количината на алергени и поленрасте секоја година и на оние кои патат од алергија им е сѐ потешко.

Истражувањата за глобалното затоплување покажуваат дека сѐ поголема е количината на јаглероден диоксид, а тој е како ѓубриво за поленот и други алергени. Но, без разлика на сѐ има неколку грешки кои веројатно ги правите, а само ја влошуваат состојбата.

Не ја миете косата секој ден – во текот на денот, особено на костата се собира полен и други алергени. Најлоша работа што може да ја направите е да легнете во кревет со неизмиена коса. Измијте го лицето и косата пред да легнете да спиете.

Спиете со отворен прозор – домот би требало да Ви биде засолниште од сезонските алергии. Ако ги оставате прозорците отворени, сѐ она на што сте алергични влегува внатре. Проветрувајте го домот, но кратко.

Не ги менувате филтрите на клима уредите – филтрите на клима уредите запираат поленот да влезе во просторијата. Во сезона на алергии, би требало да ги менувате месечно.

Не внимавате со облеката – ако сте биле надвор, кога ќе влезете внатре морате да ја смените облеката. Таа ги собира алергените и ги внесувате во домот. Не ја ставајте носената облека во ормарот со друга облека.

Ги внесувате чевлите во домот – Кога влегувате во домот, соблечете ги чевлите, особено ако имате теписи. Сигурно не сакате сиот тој полен да се најде на нив. Ако имате сериозни симптоми на алергија, мијте ги подовите и теписите почесто.