Работел како градежен работник, а во Словенија живеел 17 години - Познат идентитетот на настраданиот Македонец во Љубљана

39-годишниот Стојче Ѓоргиев од Грдовци, кочанско, е лицето кое било смртно претепано во Љубљана.

Веста за трагедија ја потврдија и од МНР, од каде велат дека случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. 

Ѓоргиев бил сурово тепан од најмалку две лица во центарот на Љубљана, а подоцна им подлегнал на повредите во болница. 

Погребот ќе буде утре во родното село Грдовци. 

Тој работел како градежен работник, а во Словенија живеел 17 години.