Работат само оние што мораат - празниците ги испразнија скопските улици (фото)

Скопје, во кој живее речиси половина Македонија и кој вообичаено е преполн, за овие новогодишни и божикните празници е невообичаено празен.

Главната честитка на социјалните мрежи за дополнителниот слободен ден што им го даде Владата на административците беше: „Среќен 2 јануари на сите што се од административна вероисповед“.

Владата препорача и приватниот сектор да им даде уште еден слободен ден на своите вработени, при што дел од фирмите ја прифатија препораката, но повеќето граѓани вработени во приватниот сектор, сепак, беа на работа.

По првиот неработен ден по Нова година беа отворени речиси сите маркети и продавници, на работа беа лекарите, новинарите, дел од градежниците и сите оние чии фирми не ги споиле празниците.

Фото: Независен