Путер-колачи со мед и кикирики

Лесно и брзо се прават, а уште побрзо се јадат.

Состојки: 

Една белка
Пола чаша мед
Пола чаша путер од кикирики
Цимет
3 чаши овесни снегулки
Пола чаша стопен путер
1/4 чаша суво грозје

Подготовка:

Уклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Земете 1/2 чашка од овесните снегулки и смелете ги. Смелените овесни снегулки ставете ги во сад, додајте го циметот и мешајте додека не се соединат.

Мешајте ја белката со миксер или со жица за матење додека не стане пенеста. Додајте го медот, путерот од кикиритки и мешавината од овесни снегулки и цимет. Потоа додадете го стопениот путер и сувото грозје и размешајте додека смесата не се соедини.

Истурете ја смесата во тава за печење која претходно ја обложивте со хартија за печење.

Печете 25 минути. Извадете ја тавата од рерната и оставете ја да се олади 5 мин. Со остар нож, исечете на 12-16 парчиња. Вратете ја во рерната и печете уште 15 мин на температура од 150 степени.