
Денот почнете го со убава енергија, без оглед на сообраќајниот хаос кој го носи врнежливото време во Скопје - ова е пораката на скопјанката Анета Коробкина, позната авторка на книги за самопомош, коуч и бизнис тренер.
Нејзината фејсбук објава е малку поинаква од сите оние кои се жалат на утринскиот хаос во главниот град!
-Пушти некој да влезе во линија, да сврти пред тебе, не свири, диши длабоко и пушти убава музика!
Вака гласи пораката до сите учесници со сообраќајот во Скопје ова утро, од стручно лице!
Пробајте, можеби ќе функционира!
-Замисли…
Наместо нервоза — насмевка.
Наместо лутина — среќа.
Подзастани.
Насмевни се.
Пушти некој да влезе во линија,
да сврти пред тебе…
Не свири. Не се нервирај.
Диши длабоко, пушти убава музика, започни го денот со мир, не со хаос.
Затоа што енергијата со која го започнуваш утрото, ја создава вибрацијата на целиот ден.
Кога внесуваш спокој, љубезност и насмевка — добиваш токму тоа назад. Светот ти враќа она што го праќаш.
Избери да бидеш извор на убавина, не на напнатост. Избери да шириш светлина, не сенка.
Почни со насмевка.
Затоа што по утрото — денот се познава.