Пуштено во употреба спортско игралиште во Гази Баба

Во дворот на ОУ „Стив Наумов“, беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште за мал фудбал со вештачка трева и место уредено со клупи за резервни играчи.

Ова игралиште првенствено ќе го користат учениците од ова основно училште, децата од градинката Детска радост за спортски активности, а во слободните термини ќе може да го користат и граѓаните за рекреативни фудбалски натпревари.

Заедно со директорот на училиштето се направија и соблекувални, кои ќе се користат при спортските активности.

Целта на оваа инвестиција е да ги мотивираме најмладите жители од општината да бидат повеќе на спортските терени.

За реконструкцијата на игралиштето од буџетот на општината беа издвоени 1,8 милиони денари.

За следниот период општината ќе направи план вакви спортски објекти да може да се изградат во другите основни училушта, за потребите на учениците и на жителите од Гази Баба.