Пуштени во продажба картите за концертот на Оливер Драгојевиќ и Џибони

Хрватските пејачи Оливер Драгојевиќ и Џибони ќе одржат заеднички концерт во Вип арената во салата „Борис Трајковски“ на 4 март.

Картите се пуштени во продажба и се продаваат по цени од 900,00 трибини седење, 1.000,00 денари мобилни трибини и партер седење и 1.500,00 денари Вип карти. 

Продажни места на картите се  туристичката агенција Гуливер милс, Југотон, цвеќара Розе-Веро 2 и продажната мрежа на мк тикетс.