Пуштен во употреба зелениот покрив на ГТЦ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со претставници од Градскиот Трговски Центар и Општина Центар денеска официјално го пушти во употреба зелениот покрив на ГТЦ.

Со зеленило и клупи фотнатни, кровот на ГТЦ од неискористен и затворен простор станува место достапно за сите граѓани. Шилегов најави дека ова е мал придонес во борбата со загадувањето и зазеленување на Скопје.