Пушки, пиштоли, муниција... - при претреси во демирхисарско уапсени четири лица

Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од село Обедник, Демир Хисар.

Од МВР информираат дека при извршен претрес во нивниот дом во Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети.

Исто така вчера во 09:45 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Р.М.(61) и Р.Ш.(35) двајцата од истото село. При извршен претрес во нивниот дом во Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар.

„По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок“, посочија од МВР.