Пушки, муниција и алати за обивање на врати, пронајдени во домот на стружанец

Синоќа по полноќ, врз основ на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.Л.(53) од Струга.

При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка „ГАМО Делта Фокс“, ловна пушка „Застава“, 50 куршуми калибар 7,65мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони калибар 7,6мм; пет патрони калибар 8,5мм; еден куршум непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање на врати.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.