Вицепремиерот Артан Груби им се заблагодари на пратениците за поддршката за изградба на Коридорот 8 и 10-д.
-Како што кажав, пушката нека им стане топ, но оваа работа нема да застане. Собранието ги изгласа сите закони за побрза и поевтина изградба на Коридорот 8 и 10-д, напиша Груби на фејсбук.
Оваа порака на вицепремиерот доаѓа откако Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“.