Пушачите на удар-наскоро нови поскапувања на цигарите

За пет денари пред празниците поскапеа  цигарите „Вест“ (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек).  

Од јуни пушачите ги очекува нов бран поскапувања на цигарите. За два месеци пушачите ќе плаќаат четири денари повеќе.

Поскапувањето на цигарите започна пред две години, во јуни 2015, а почнувајќи од годинава, па се во наредните седум години цените на цигарите годишно ќе поскапуваат по четири денари.