
Правото на цигара со кафе или после ручек или правото на чист воздух во кафуле или ресторан? Чие право е поважно? Се чини дека, Македонците никако да најдат заеднички јазик на темата која стана актуелна последниве денови откако држвата најави дека ќе има строги казни против пушачите откако ќе биде донесен новиот закон за заштита од пушењето.
Лични напади, навреди, дискредитации, но и издржани ставови и аргументи... Голема вируелна војна се води на социјалните мрежи во коментари!
Да, повеќето се согласуваат дека не треба да се пуши во присуство на деца и на места каде се служи храна, но од друга страна сѐ погласни се пушачите кои велат дека откако ќе се среди прашањето со загадениот воздух, дури тогаш може да се дискутира за чадот од цигарите.
Еве дел од коментарите на социјалните мрежи:
- Колку сте себични вие пушачите како да сте 12 или 24 часа во ресторан или кафичите. Вие сте 1 до до 2 часа, ако тоа неможете да идржите, можете, не се умира. Себични сте прво кон пероналот што ве служи, тие се подолг периодот во текот од денот изложени на чад.
- Дискриминација на пушачите, а ги сваќам и непушачите. Затоа селектиран простор, пушач/непушач, па кој каде одлучи. Пушач сум и чест посетител на кафеани, ресторани, кафичи, локали и доколку е забрането не би одела. Сигурна сум дека побеќето пушачи се истпмосленици,а тоа ќе донесе пад на профитот на работата на локалите .
- Прво и основно - да ми забрани некој да запалам надвор додека седам на клупа, не може никој, а вие кога ќе видите некој надвор дека пуши - ќе седнете на друга клупа подалеку од пушачот!
- Ова некако ми личи како ЛГБТ пропаганда, непушачите станаа загрозена врста како тие ЛГБТ ликовите...
- Овој закон е многу стар, ново е дека не може да се пушат електронски цигари во затворен простор. Ве молам каде тоа сте седеле каде што е забрането пушење и некој позади вас ви го труел децата? Измислувате, нема шанси цигара да запалиш во ресторан освен надвор од ресторанот како импровизирани тераси. Пазете се од тие што пијат, а не палат цигара, а седнуваат за волан, секој ден има недолжни жртви баш од таа категорија на непушачи. Ова испадна дека никој дома не јаде сите сте само по ресторани.
- Пушам цигари, ама не поддржувам труење на луѓето околу себе. Ама решението пак го гледам во поскапувањето на цигарите. 500 ден кутија, па оди пуши.
- Јас моето кафе и моите цигари ќе си ги консумирам на мојата тераса. Едно кафе во ресторан кошта колку цела недела кафе дома.
- Аман бе непушачиве земаа замав со законов, сакам да ги прашам дали и од дома ќе ги избркаат членовите од фамилијата...сопруг, сопруга, син, ќерка ако им се пушачи за они да живеат и дишат чист воздух,а?
- Многу ми е чудно зошто заради новиот закон за забрана на пушење, настана полемика, расправии, вреѓање на социјалните мрежи. Ги разбирам и пушачите и непушачите зошто на првите им смета, а на вторите не, законот за пушење. Јас не сум пушач и во затворени простории ми смета часот од цигарите, не заради смрдење на алиштата, туку ми смета при вдишување, но сметам дека овој закон е ригорозен. Треба да се најди некоја средина.