Пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“

На 30.05.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.

Полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.