Пукањето на свадби со огнено оружје може да чини човечки живот - се казнува со глоба од 200 до 500 евра

Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од пукање на свадби и други семејни свечености и потсетува дека пукањето претставува нарушување на јавниот ред и мир, а користењето на огнено оружје на овие свечености, исто така, може да резултира и со многу посериозни последици.

За ваквиот прекршок е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Зависно од видот и карактерот на истите, различни се и кривично-правните импликации, кои се движат од шестмесечна до 10-годишна затворска казна. На граѓаните им се советува, наместо со оружје, свадбената радост и веселба да ги искажуваат на друг начин.

Изминативе години, токму на свадбени и други семејни свечености беа регистрирани неколку повредени лица.

cheap nike free run 5.0