Пукање се случило попладнево во Скопје каде едно лице е застрелано и пренесено во болница. Како што пренсува „Скопје1“ на повредениот во моментов му се прават испитувања.
„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.
На пукањето му претходела брканица низ градот каде се бркале неколку возила. Според порталот лицата кои учестувале во пукањето се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано.
Од МВР го потврдија овој настан.
„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, се вели во нивното соопштение.