Пукање во Скопје по групна расправија

Во текот на вчерашниот ден имало пукање на ул. „Вуковарска“ во Скопје по претходна расправија меѓу три лица.

-На 08.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Вуковарска“, по претходна расправија помеѓу Р.Б.(34) и П.Б.(29), од една страна, и В.А., од друга страна, сите тројца од Скопје, В.А. испукал од огнено оружје кон П.Б, информира МВР.

При пукањето нема повредени лица, но било оштетено паркирано патничко возило, по што бил извршен увид од страна на полицијата која работи на расчистување на случајот.