Пукање во Скопје: Двајца повредени откако било пукано кон автомобил

Две лица се повредени во пукање што рано утрово се случило во Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 5:45 часот, откако на улицата „18“ во селото се слушнале истрели од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција излегле на местото, при што било утврдено дека било пукано кон патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки.

Во автомобилот се наоѓале И.И. (34) и Ш.И. (42), кои се здобиле со повреди и биле пренесени во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.