Пукање во Чаир, рането едно лице

Едно лице е рането во пукање што се случило рано утринава во скопската општина Чаир.

Според информациите на МВР, околу 5 и 45 часот во полиција било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул.„Архиепископ Доситеј“ едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.