40-годишен маж заврши во болница со рана од огнено оружје, по што било утврдено дека некој пукал кон него во Чаир.
-На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А. На местото биле пронајдени две чаури, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.