Пукање во Чаир ги крена на нозе жителите

На 03.11.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје, А.К. пријавил дека на ул.„Цветан Димов“, од страна на М.Р., Е.Ф., Е.Ф. и Е.З., сите од Скопје, било пукано кон неговата куќа.

Според пријавеното, од пукањето нема повредени лица, а оштетено било неговото патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, а на местото биле пронајдени и подигнати пет чаури.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.