Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, едно лице е пренесено во болница

 

Пукање попладнево имало и во Прилеп.

- Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје и било повредено едно лице кое е пренесено во Градска болница Прилеп. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезено на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. та, а детали за инцидентот од полицијата најавуваат за подоцна, информираа од МВР.

Ова е втор случај на пукање во текот на денешниот ден. Претходното пукање се случи во скопското село Волково, каде што две лица загинаа.