Пукање кај Смилковсото езеро, три лица излегле од возило и едното од нив пукало во воздух

Денес попладне во близина на Смилковското езеро се слушнале истрели од огнедно оружје. Случајот во полиција бил пријавен во 13:25 часот од страна на граѓанин.

„Граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух. Лицата потоа влегле во автомобилот и си заминале“ информираат МВР.