Пукање кај Полициска станица Бит Пазар - неофицијално има една жртва

Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар.

Неофицијално, како што пренесуваат ТВ 21, има една жртва. Според првичните информации, повредена е и жена, минувач. 

Пукањето се случило во близина на Полициска станица Бит Пазар.

На терен има дополнителни полициски сили.

Се очекуваат официјални информации од МВР.