Пукање и грабеж во скопски маркет

Синоќе во 21 часот и 45 минути во Скопје било пријавено дека науллица „Новопроектирана“ во продавница „Стокомак“ од страна на две непознати лица било извршено разбојништво при што со закана од пиштол од вработените биле одземени пари од дневниот промет.

Лицата испукале два куршуми во магацинот по што го напуштиле местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Скопје при што на лице место пронајдени и подигнати се две чаури.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.