Пукал во кучиња во парк на булевар „Видое Смилевски Бато“

На 11.10.2019 во 02,45 часот во Полициска станица Аеродром бил лишен од слобода И.Д.(69) од Скопје. Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека И.Д. во парк на булевар „Видое Смилевски Бато“ пукал кон кучиња со пиштол „црвена застава“.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.