Пукал на семејна веселба, па куршум оштетил покрив на куќа - уапсен маж од тетовско

Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.С. (60) од тетовското село Боговиње, поради основи на сомнение дека синоќа околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од село Синичане, тетовско.

Од МВР информираат дека по добиена судска наредба, извршен бил претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол.

Во врска со случајот, извршен бил и претрес во дом на Ф.М. (50) во Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, посочија од МВР.