Пудинг од лубеница - лесен летен десерт кој освежува и засладува

Летото и вкусот на слатка и сочна лубеница одат заедно! Освен свежа лубеницата може да ја искоритите и за подготовка на вкусни и здрави десерти. Ние ви предлагаме пудинг од лубеница

Потребна ви е 500 грама слатка и зрела лубеница од која најпрво ги отстрануваме семките. 

Ја блендираме и дел од сокот го разматуваме со густин 50 грама густин, а останатиот дел го ставаме во тенџере со 60 грама шеќер, едно пакетче ванила, малку цимет и прстофат сол. 

Го загреваме сокот до вриење, па го ставаме приготвениот густин. Се меша додека да сгусне, па се распоредува во чаши.

 Најдобро е да се сервира со рендано чоколадо.