Психолозите реагираат: Од кога невоспитаните деца се нарекуваат темпераментни?

Децата во минатото и децата денеска. Разликата огромна. Можеби децата денеска се понапредни во многу работи, но се полоши во други. 

Во минатото децата кои постојано ке трчаат, ќе викаат, ќе изведуваат, ќе се задеваат со другите, ќе кршат се околу себе, ќе плачат, се нарекуваа невоспитани, а денеска истите тие, се нарекуваат темпераменти. 

Се поставува прашањето: Од кога невоспитаните деца се нарекуваат темпераментни, и дали родителите знаат дека тука разликата е огромна. Едно е детето да биде воспитано, но темпераменто, а друго е да биде невоспитано. 

Таквите ги има насекаде. И да, да се разбереме, не е проблем во детето, тука проблем е во родителите и во оние кои го воспитуваат. Тоа е само дете, па се однесува така како што смета дека треба. 

-Ги има во продавница, како плачат на цел глас зошто не им се купи се што ќе побараат. Седнуваат на под и почнуваат да се издигаат, да врескаат, па дури и да расфрлуваат. Ги има и во парк, каде сакаат да бидат тие главни. Сите реквизити се нивни. Никој не смее да им се доближи. Ги има и во градинка и во игротека. Ги има и во училиште и на улица, вели психологот Марија Атанасова, зборувајќи на оваа тема. 

-Децата едноставно пробуваат да се однесуваат така како што на нив им одговара. Ако не се предупредени од родителите, тие сметаат дека тоа е исправно и продолжуваат да си тераат по свое, вели таа. 

Наставничката Јагода вели дека за овој проблем пред се ги обвинува родителите, сметајќи дека денеска децата се безобразни, а родителите се уште побезобразни, велејќи дека круша паѓа под круша. 

Таа вели дека доаѓаат родители во училиште да се расправаат со неа зошто детето има добиено мала оценка...

Децата се воспитуваат на погрешен начин. Родителите тежнеејќи да бидат совршени, прават големи грешки со своите деца, аподоцна се чудиме зошто секоја генерација е се полоша, вели наставничката. 

Моето дете е многу темпераментно, таков му е карактерот, јас не можам ништо со тоа, ова ми го кажа еднаш една мајка, за својот син кој постојано ги малтертира другите деца во одделението. И кажав, дека тој е невоспитан, а не дека е темпераментен. По ова следуваше низа на навреди, по што заклучив зошто детето е такво, вели наставничката.