Психолошки трикови кои ќе ви помогнат другите луѓе да ве сакаат повеќе

Често, тешко е да се објасни зошто ни се допаѓа одредена личност.  Понекогаш е нивната насмевка, понекогаш е начинот на однесување, но едноставно ги сакаме.

Научниците поминале многу години обидувајќи се да утврдат кои фактори се важни за тоа. Ова се нивните ставови.

Копирајте ја личноста со која сте

Оваа стратегија е позната како огледало и вклучува суптилно копирање на однесувањето на една личност. Кога зборувате со некого, обидете се да го копирате нивниот говор на телото, гестовите и изрази на лицето.

Едно истражување кое опфатило 72 мажи и жени, покажало дека во рамки на интеракциите меѓу партнерите, тие си се допаѓале себеси еден со друг повеќе во ситуациите кога  ја копирале другата страна.

Поминете повеќе време со луѓето кои сакате да ви бидат пријатели

Според експертите од Универзитетот во  Питсбург, повеќе ни се допаѓаат луѓето кои ни се познати. Во рамки на еден експеримент кој бил спроведен на овој универзитет, четири девојки влегувале и излегувале на часовите во различно време. Резултатите покажале дека  при покажување на сликите, студентите кои биле присутни на часот покажале поголем афинитет кон девојките кои ги гледале почесто на часовите.

Давајте им комплименти на другите луѓе

Според Гречен Рубин, автор на книгата „Проект за среќата“ начинот на којшто другите луѓе гледаат на вас зависи од тоа што им го кажувате. Ако опишете една личност како фина и љубезна, тогаш луѓето ќе ве поврзуваат со таквите квалитети. И, обратното е точно: ако постојано зборувате лошо за луѓето, тогаш тие ќе ги поврзат негативните карактеристики кои ги споменувате со вас.

Обидете се да покажувате позитивни емоции

Според истражувањето спроведено од универзитетите во Охајо и Хаваи, луѓето несвесно ги чувствуваат емоциите на оние околу нив. Водечките научници во ова истражување велат дека тоа е можно бидејќи природно ги копираме другите движења и изрази на лицето, што нè прави поблиски до тоа како тие се чувствуваат.

Затоа, ако сакате другите да бидат среќни околу вас, најдобро е да комуницирате со позитивни емоции.

Покажете ги своите недостатоци од време на време

Според многу истражувања, луѓето ќе ве сакаат повеќе откако направите грешка, но откако ќе веруваат дека сте компетентна личност. Покажувањето дека не сте совршена личност ве прават личност со интегритет за луѓето околу вас.

Во едно истражување, било утврдено дека луѓето кои истуриле кафе на крајот на интервјуто за работа, биле поинтересни и пообажавани.

Обрнете внимание на заедничките вредности

Според студијата спроведена од страна на Теодор Њукомб, нè привлекуваат луѓе кои се слични на нас. Според него, лицата кои имаат слични вредности и верувања многу побрзо се поврзуваат меѓу себе, отколку оние кои немаат заеднички ставови и вредности.

Гледајте ги вашите луѓе како што сакаат да бидат видени

Луѓето сакаат да бидат видени на начин кој им одговара ним, а кога ќе ги видиме во такво светло, тие веднаш развиваат симпатија за нас. Тоа го докажуваат и истражувањата на Универзитетот Стенфорд и Аризона, според кои луѓето кои имаат позитивни перцепции за нас ни се многу интересни за дружење.