Психолошки причини зошто луѓето би се вљубиле во вас

Барате љубов? Ова се неколку психолошки причини кои би натерале една личност да се заљуби во вас. Резултатите се базираат на истражувањето спроведено во 2016 година во кое учествувале и мажи и жени.

Ако тие се слични на вас

Докажувањата дека спротивностите се привлекуваат паѓаат во вода, бидејќи според резултатите од ова истражување, се заљубуваме во луѓе кои се слични на нас. Тоа им помага на партнерите подобро да се разберат меѓусебно и подобро да функционираат во врската.

Поврзаност на три нивоа

Според Ерик Берн, автор на книгата „Играта која ја играат другите луѓе“, луѓето се поврзуваат преку три его состојби:

Родителите – начинот на којшто сте воспитани

Децата – тоа што сте го доживале во детството

Возрасните – тоа што сте го научиле

Кога двајца луѓе се компатибилни во овие состојби, тие се поврзуваат многу лесно.

Ако мирисате убаво

Според истражувањето спроведено на универзитетот во Јужна Калифорнија, жените ги привлекува мирисот кој покажува високо ниво на тестостерон кај мажите.

Ако изгледате како нивниот родител

Според Дејвид Перет, професор на универзитетот Св. Ендрјус некои луѓе се привлечени од личности кои имаар иста боја на очи и коса како нивниот родител. Истото истражување покажало дека жените кои се родени од „постари родители“ се привлечени од постари мажи. За мажите, важи истото но само за посериозните врски.