
Психологот Ирена Јовановска Стојановска во „Студио 10“ на „ТВ24“ зборуваше за тоа колку повеќе луѓето се изложени на стресови, толку поверојатно е дека ќе се појави чувство на анксиозност и вознемиреност.
Јовановска Стојановска зборуваше и за дојавите за бомби кои пристигнуваат со месеци во училиштата, но и други објекти низ земјата.
- Многу пати се повторува ова со бомбите, но и покрај тоа децата се прашуваат што ќе се случи ако навистина експлодира бомба? Истите мисли им поминуваат низ глава и на родителите. Со ова се влијае негативно на животот на децата, но и на родителите, вели Јовановска Стојановска.