Пржо за уставните измени, но не оние кои водат до политичка криза и национален пораз

Уставните измени и натаму во фокусот на политиката во земјава. Познатиот еколог и професор по биологија Кирил Пржо кој е секогаш гласноговорник за заштитата на животната средина со свое видување на уставните промени, но низ призма на екологијата.

Ова е неговиот став: 

- Замислете, кога оваа прекрасно неспособна Влада на Република Северна Македонија заедно со поединечни странски дипломати, ќе ја имаат истата страст и елан да вршат притисок за прифаќање на закони, законски и уставни промени кои наместо политичка криза и национален пораз би воделе до навистина најважната работа за животот на граѓаните - заштита на животната средина и природата во целост.

- Замислете, кога Македонија ќе стане прва држава во регионот која ќе ја внесе заштитата на животната средина како член во Уставот, со што ќе ги мотивира и другите земји со кои се граничи, да водат сметка за пограничните заштитени подрачја - е тоа е успех и отворен Балкан, а не промоција на вина.

- Замислете кога на антропоцентриочниот член 43 од уставот (Секој човек има право на здрава животна средина) би се додал нов екоцентричен член каде - државата ќе ја чува природата во целост.

- Замислете кога напредок нема да значи рушење, копање,продавање на природата на белосветски курајбери, туку заштита на животната средина за секој граѓанин во неа.