Екологистот Кирил Пржо на својот фејсбук профил сподели таканаречен еколошки водич за парламентарни избори 2024!
- Бидејќи изборите може да се најсилен и најефективен начин за промена на состојбата во животната средина во Македонија еве неколку чекори за помош, вели тој и сподели насоки за кого да (не) гласате!
НЕ ГЛАСАЈТЕ
- за партии кои се финансираат од нелегална сеча на шума во Зап. Македонија
- за квази зелени партија кои се неми, глуви, слепи (и секако глупи) пред сите еколошки криминали
- за партии кои го преоруваат планините и ги уништуваат реките
- за митаџиски партии кои не казнуваат индустриски загадувачи
- за терористички организации во форма на партија бараат легализација на сите дивоградби
- за партии што го уништија Охридското крајбрежје
- за партии кои даваат земја за рудници на белосветски курајбери
- за партии што упорно ставаат министри за животна средина без образ и срам
- И секако за претседателски кандидати со коса од газот на глава.
ГЛАСАЈТЕ
- за партии кои ќе ја доведат животната средина како прашање од највисок национален интерес
- за партии кои ќе ја чуваат животната средина во целост
- за партии кои ја разбираат стратешката, политичката, геополитичката и безбедностнатна вредност на здравата храна, чиста вода и воздух.