Првото скопско пиво било „Аловина“: Погледнете како изгледа најстарата пивска гајба и кригла (фото)

Стара скопска Бирарија се наоѓала во денешна општина Кисела Вода со седиште лоцирана на улицата Томе Арсовски б.б. Со денешни архитектонски репери тоа би била реонот помеѓу улицата Огњан Прица и црквата Св. Петка.

Нај­ста­ра­та зачувана кригла за пиво привлекува внимание, како по нејзиниот не­о­би­чен изглед и функционалноста така и по цртежот кој го има на неа, на кој е прикажана најстарата пиварница “Бирарија”.  Криглата има из­дол­же­на форма, тесното грло се проширува кон дното, од страната има тен­ка полукружна рачка, а на самиот отвор на врвот метално капаче, со кое се затвора. Капачето е убаво, речиси филигрански изработено, и лес­но се подига со движење на раката. Пиварницата “Бирарија”, која е при­ка­жа­на на цртежот, изгледа како некој волшебен предел од бајките, блика зе­ле­ни­ло и недопрената природа од планината Водно, која се наѕира над об­јек­тот на пиварницата. Прикажана е главната зграда, но и некои прид­руж­ни простории кои се во нејзин состав.

Кога сме кај старо Скопје и пивото, да го споменеме домашното пиво „Аловина“ што се правело во тој период. Тоа се приготвувало со киснење и набубрување на јачмен или овес, потоа се сушело и се мелело за да се добие брашно. Од добиеното брашно се замесувало тесто со студена вода и се ставало на дното на некој сад. Врз него се поставувал вжарен камен и веднаш потоа садот се полнел со врела вода, по што доаѓало до вриење, односно ферментација. Така се добивал жолтеникав пијалак со вкус на денешното пиво.

Денес Пивара Скопје е автентична приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Патот кон успехот веќе 92 години е заснован на најомилените брендови на безалкохолни пијалаци и пива на нашиот пазар.

На фотографијата е најстарата сочувана пивска гајба која ја поседува Пивара Скопје.